Тригодишно дете спасено од запален автомобил

Тригодишно дете било спасено од автомобил кој се запалил, вчера во Тетово, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18 часот на улицата „Илинденска“ на еден од паркинзите.
Тогаш избувнал пожар во автомобил „Ауди А-3“ со тетовски регистерски таблици сопственост на А.Н. (42) од село Ларце.

Возачот А.Н. го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете. Во еден момент, од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово. Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот.