Тригодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кратовско

Тригодишно дете загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила во село Туралево, кратовско откако возило мерцедес со бугарски регистерски ознаки управувано од М.С.(45) од Крива Паланка удрило во детето.

Како што соопшти МВР, страотната несреќа се случила околу 20:30 часот, а детето кое во сообраќајката се здобило со тешки телесни повреди починало на самото место.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.