Тригодишно девојче оставено во парк во Загреб – Никој не знае која е и од каде е

Тригодишно девојче оставено во парк во Згреб - Никој не знае која е и од каде доаѓа
Тригодишно девојче оставено во парк во Згреб - Никој не знае која е и од каде доаѓа

Во паркот Велика Горица во Загреб, на почетокот на октомври пронајдено е тригодишно девојче кое зборува непознат јазик, пренесува ХРТ.

Се верува дека девојчето дошло во Хрватска со бегалскиот бран.

Девојчето се наоѓа во Домот за незгрижени деца во Загреб,  а од каде е и како останала сама сеуште никој не знае. Не се знае ни како се вика. Ја викаат Нина.

Фото: Борна Филиќ/PIXSELL
Фото: Борна Филиќ/PIXSELL

Ако наскоро никој не ја побара, девојчето ќе влезе во хрватскиот систем и ќе ги добие сите права кои ги имаат и другите деца кои останале без родителска грижа.