Трик за да ја изберете вистинската боја за вашата коса

Кога ја фарбате косата, по кој принцип ја бирате бојата во која што ќе ја бојадисате косата? Според тенот, пигментот….

Се чини дека постојат голем број фактори на кои треба да обрнете внимание при изборот на новата боја на косата. Бојата на тенот, квалитетот на косата, како и на тоа која е вашата природна боја на косата и дали претходно и на кој начин сте ја третирале косата со фарба.

Секако би требало да обрнете внимание на сето ова, но изборот на нијансата што ви одговара зависи најмногу од бојата на вашите очи, вели фризерот и експертот за боја за коса Мајкл Роуан од компанијата Смитс Лондон.

Генерално жените со кафени со смеѓи очи секогаш би требало да размислуваат за есенски нијанси: златни, бакарни, црвени…

Ако размислувате за плава коса, тогаш барајте боја на мед и златни тонови, а ако вашиот избор е кафена коса, бирајте богати интензивни нијанси како што е на пример костенливата.

Светлите, небесно сини очи функционираат со постудени тонови, како што е платинесто русата боја. Но исто така тие може да бидат добра комбинација и со потемни тонови, со тоа што тоа би требало да бидат постудени тонови, како што е сино – црна.

Најдобра боја на очи за прилагодување на фризурата е зелената.

Девојките што имаат зелени очи може да се играат и со топли и со студени нијанси. На пример, бакарните тонови секако ќе ги истакнат вашите очи додека подлабоките нијанси на црвенкаста и смеѓа, добро ќе ја избалансираат бојата на очите со тенот и ќе му внесат топлина.

Значи најсигурен начин за да ја изберете вистинската боја за коса е вашата природна боја на очите. Мошне едноставно!