Трик за совршено пржени компирчиња

Помфритот е идеален прилог со главното јадење, но е одличен и како вкусно мезе. За да го подготвите компирот „како во рестораните“ треба пред да го испржите околу 10-тина минути да го чувате во чинија со многу студена вода.

Потоа исечканиот компир исцедете го со кујнска крпа, за да не прска од загреаното масло.

Испржените компирчиwа добро исцедете ги од вишокот масло и посолете ги пред да ги сервирате, за да останат крцкави.

Добар апетит!

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.