Трик за трајно отстранување на влакната во домашни услови

Еве како да се решите од најголемиот проблем за жените во летните денови. Дамите знаат колку е напорно отстранувањето на влакната, особено во текот на летото кога секојдневно се носат кратки здолништа и фустани. Меѓутоа, овој стар руски рецепт може да ви помогне трајно да се решите од влакната.

Мора да знаете дека влакната нема да исчезнат по првиот третман, туку дека со текот на времето ќе се проретчат, а по неколку месеци целосно ќе исчезнат.

Потребни ви се:

  • Лушпи од ореви
  • Вода

Подготовка:

Исушете ги лушпите од ореви во рерна, а потоа сомелете ги. Додавајте вода додека не добиете смеса што изгледа како паста и оставете да отстои 12 часа. Имајте на ум дека количеството на лушпи од ореви и вода зависи од тоа колкав дел од телото третирате.

Натопете парче памук во смесата и нанесете го на делот од телото од каде што сакате да ги отстраните влакната, оставете да дејствува 30 минути и добро измијте го.

Третманот би требало да го повторувате три пати дневно, додека не ги добиете посакуваните резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.