Трикови за полуксузен изглед на вашата спална соба

Перниците може да ви помогнат во надградбата на изгледот на вашата спална соба. Проследете уште неколку трикови што ќе ви помогнат вашата спална соба да добие полуксузен изглед.

  1. Додадете перници

Перниците може многу да ви помогнат во надградбата на вашата спална соба. Онаа перница на која што спиете потпрете ја на потпирачот и набавете неколку декоративни перничиња, што ќе ги ставите врз неа. Сами изберете го распоредот, обликот, боите и видот на перници, но сепак внимавајте тие да одговараат. Исто така држете се до правилото дека перниците никогаш не смееле да зафаќаат повеќе од една четвртина од креветот.

  1. Наместете го креветот

Она што е заедничко за сите луксузни хотелски соби е совршено наместениот кревет. Повеќето луѓе имаат тенденција да ја намалуваат важноста на местењето на креветот, но немојте и вие да бидете едни од нив. Набавете нова постелнина и уредно наместете ја. Со свиленкаста постелнина ќе добиете највпечатлив изглед.

  1. Набавете ноќна лампа

Вообичаена грешка, што луѓето ја прават во спалната соба е пренатрупување на ноќната масичка со непотребни нешта. Ако немате ноќна масичка набавете, а ако имате, отсега на неа чувајте само неколку клучни нешта. Нередот никогаш не дава впечаток на луксузност, но внимателно избраната ноќна лампа ќе ви помогне да постигнете токму таков ефект.

  1. Уметничка слика над креветот

Украсете ја вашата интимна просторија со една поголема слика, која што за миг ќе и даде поинаков изглед. А ако не сакате уметност во собата, тогаш набавете поголем лустер, што исто така ќе даде впечаток на луксузност.

  1. Заменете ги завесите

Ако подобро размислите, сите полуксузни спални соби имаат потемна нијанса на завеси. Исто така, ако имате можност тие да се протегаат преку рамката на прозорецот, искористете го тоа.

  1. Креирајте функционално катче

За тоа ви е потребно обично столче или потпирач што ќе го сместите во одреден агол на собата и каде ќе побегнете секој пат кога ќе ви треба малку одмор од се. Украсете го со ќебе или перници. Дури иако вашата соба е мала, тој нов дел во неа ќе даде впечаток на изобилство. Ако имате место и за мала маса на која ќе ставите филџан кафе, списанија и слично тоа ќе биде одлично!