Трикови за сјајот за усни подолго да трае

Сјајот за усни се враќа на голема врата. Ако во последните неколку сезони уживавме во враќањето на мат ефектот врз усните, во мода повторно се враќаат сјајните усни.

Се повеќе косметички куќи лансираа нови сјаеви за усни, а ако и вие сте ги занемариле последните неколку сеозни, време е повторно да им дадете нова шанса. Со оглед дека сјаевите имаат поинаква текстура од кармините, имаат и поинакви правила за нанесување. Жените се жалат дека тие се непостојани, се размачкуваат и се разлеваат околу усните.

Постојат неколку трикови со коишто сјајот ќе остане на место. За да има совршен облик и чисти рабови, сјајот би било најдобро да се нанесе со прецизна четичка за нанесување на кармин наместо со сунѓерести или пластични апликатори што доаѓаат со нив.

Главно правило за нанесување на сјајот е дека несмеете да го нанесете до самите рабови на усните. Прецизно нанесете го со четкичка еден милиметар подалеку од работ. Морате да му дадете малку простор, затоа што со текот на времето ќе се рашири и ќе отиде точно до рабовите на усните. Откако ќе нанесете еден слој, оставете го неколку минути да се исуши, а потоа нанесете уште еден слој, исто така, не до рабовите на усните. Со овој трик усните ќе бидат попостојани и ќе го спречите разлевањето надвор од рабовите на усните.