Спорт

Трикратен светски шампион позитивен на допинг

Трикратен светски шампион позитивен на допинг

Поради користење недозволени стимулативни средства е суспендиран полскиот дигач на тегови Марсин Долега.

Трикратниот светски шампион бил позитивен на допинг тест и нема да учествува на претстојното Светско првенство во Казахстан.

Полската федерација за дигање тегови соопшти дека 32-годшниот Долега имал благо покачено ниво на норандростерон во текот на турнир во Москва.

Овој натпреварувач и во 2004 година паднал на допинг тест и поради тоа ги пропушти Олимписките игри во Атина.