Трилатерален состанок на Кина, Јужна Кореа и Јапонија

Дипломатски извори во Сеул денеска потврдија дека се подготвува и дека е можно наскоро да со одржи состанок на шефовите на дипломатиите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја, држави меѓу кои се уште егзистираат територијални и историски спорови што ја попречуваат нормал

Дипломатски извори во Сеул денеска потврдија дека се подготвува и дека е можно наскоро да со одржи состанок на шефовите на дипломатиите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја, држави меѓу кои се уште егзистираат територијални и историски спорови што ја попречуваат нормалната соработка меѓу нив.

Последниот трилатерален состанок се одржа во мај 2012 година, а според познавачите на состојбите во овој дел на Азија односите меѓу овие држави оттогаш се повеќе влошени околку подобрени.

Висок претставник на јужнокорејското МНР денеска го повика Токио да направи искрени чекори и да ја признае реалната состојба од времето на Втората светска војна. Сеул особено инсистира на официјално јапонско извинување и евентуална исплата на оштета на жртвите од така наречените кампови за забава на јапонската империјална армија во кои сексуално биле искористувани илјадници жени од окупираниот Корејански полуостров. Ова е официјален став и на претседателката Парк, која евентуалната средба со јапонскиот премиер повеќе ја условува со извинувањето, отколку со решавањето на територијалниот спор.

Според официјалната новинска агенција Синхуа и Кина пред одржување на евентуалната трилатерална средба на шефовите на дипломатиите во Пекинг, Токио и Сеул, ќе инсистира да има претходно јасен став на Јапонија за споровите.

ната соработка меѓу нив, објави МИА.