Трилатерална средба Самарас- Анастасиадес- Сиси

Во Каиро денеска се одржа трилатерална средба меѓу грчкиот премиер Андонис Самарас, кипарскиот претседател Никос Анастасиадес и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.

Како што јавува МИА, во изјавата по средбата, Самарас истакнал дека состанокот ги поставил темелите на значајна стратешка соработка и заеднички фронт за геополитичка стабилност, енергетската безбедност, борба против тероризмот и економски раст.

– Денеска ги зајакнавме основите на едно многу старо пријателство со акцент на прашањата од областа на безбедноста, економијата и користењето на морските ресурси за доброто на нашите народи и Европа. Оваа геополитичка шема ќе биде потпомогната и од продлабочување на културните врски меѓу трите земји, рече Самарас.