Балкан

Тринаесет бегалци се удавија крај турскиот брег

Тринаесет бегалци се удавија крај турскиот брег

Најмалку 13 бегалци, меѓу  кои и четири деца, загинале утринава откако  чамецот со кој сакале да стигнат до грчкиот остров Кос, потонал крај југозападниот турски брег, во Егејско Море, пренесува БТА.

Турската крајбрежна стража успеала да спаси 205 бегалци, кои биле во чамецот, што отпловил од реонот на Датча.

И натаму трае операцијата на откривање на други преживеани патници од чамецот.