Тринаесет лица полесно повредени во 18 сообраќајки во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден санкционирала 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а шест возачи поминале на црвено светло на семафорите.

Санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 39 возила, а 42 возила биле непрописно паркирани.

Одделението за превенција денеска од 11 до 12:30 часот ќе реализира едукативно предавање во автобус на ЈСП Скопје заедно со учениците од трето и четврто одделение од ООУ „Стив Наумов“ во општина Гази Баба. Предавањето е во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Едукативен автобус“.

Сообраќајната полиција информира дека еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кој е во посета на Македонија, ќе пристигне на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. За време на движењето на колоната возила под придружба кон Град Скопје, како и по сообраќајниците низ градот, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Се апелира сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од полициските службеници, да бидат внимателни и трпеливи, а веднаш по поминување на колоната под придружба ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.