Тринаесет лица повредени при пожар во зграда во Минеаполис

Голема огнена стихија зафати трикатна зграда во американскиот град Минеаполис при што 13 лица завршија во болница, јавува телевизијата Си-Би-Ес Њус.

Шестмина од повредените се во критична здравствена состојба. Од Итната медицинска помош во градот информирале дека луѓето превезени во болница имале повреди од изгореници до трауми предизвикани од пад или скокање низ прозорец во обид да се спасат во огнот, јавува Асошиејтед Прес.

Во зградата прво се чула експлозија, а потоа избувнал и пожарот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.