Тринаесет пакувања хашиш и марихуана пронајдени кај гостиварец

Тринаесет пакувања хашиш биле пронајдени вчера при претрес на домот на дваесет и шестгодишниот В.З. од Гостивар.

Во дворот пред куќата пронајдено е најлонско ќесе со непозната тревкаста материја, додека во помошна просторија (шупа) најлонско ќесе со остатоци од таква материја, залепено со селотејп лента.

В.З. е приведен и задржан во полициската станица Гостивар за натамошна постапка.