Тринаесет приведени во истрагата за убиството на рускиот амбасадор во Анкара

анкара

Според податоците на телевизијата, шест лица се приведени во округот Ајдин, каде е роден убиецот Мевлут Мерт Алтинташ. Меѓу приведените се таткото, мајката, сестрата и други роднини на Алтинташ. Уште шест други лица се уапсени во Измир. Во Анкара е приведен и еден адвокат, во чиј стан престојувал убиецот.

Рускиот дипломат беше убиен во понеделникот, за време на отворање на изложба на фотографии во Центарот за современа уметност во турската престолнина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.