Тринаесет сообраќајки за едно деноноќие во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

Од нив, девет се со последица материјална штета и четири се со последица тешка телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници и двајца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Дваесет и девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 15 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 15 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат возачи кои со возилото непрописно се престроиле на крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива