Тринаесет затвореници починаа од труење со лекови и алкохол во Венецуела

Тринаесет затвореници починале откако упаднаа во болницата во венецуелски затвор и испиле различни лекови и чист алкохол.

Вкупно 145 затвореници се затруле за време на бунтот во затворот во градот Лара, западна Венецуела, во понеделникот, соопшти денеска Владата во Каракас.

Затворениците почнале штрајк со глад со барање за отказ на еден затворски службеник. Тие почнале да кршат и влегле во затворската болница, од каде земале големо количество лекови и чист алкохол. Бунтот бил задушен откако на помош била повикана Националната гарда.