Свет

Тринаесет жртви во трагедијата со „Норман Атлантик“

Тринаесет жртви во трагедијата со „Норман Атлантик“

Според последните податоци, пожарот на фериботот „Норман Атлантик“, го однесе животот на 13 лица, соопштија италијанските погранични власти, пренесе МИА.

Единаесеттото тело, кое било на бродот, беше откриено од италијанските военопоморски сили кои учествуваа во спасувачката операција, но засега телото не е идентификувано.

Од вкупниот број 11 жртви, тројца се Италијанци. Освен тоа, трагедијата го однесе животот на двајца албански морнари, кои учествуваа во спасувачката операција. Тие загинаа откако беа погодени од кабел за влечење на бродот.

Обвинителот на Бари Џузепе Волпе порано денеска наложи грчкиот ферибот, кој се наоѓа во моментот крај бреговите на Албанија, да биде извлечен со реморкер до јужното италијанско пристаниште Бриндизи, како дел од криминална истрага.

Според него, веројатно во товарните простории ќе бидат откриени уште тела, со оглед на „несоборливите“ докази дека во бродот биле скриени имигранти.

Компании, специјализирани во вадење на потонати бродови, работат на обезбедување јажиња за реморкерот, за да започнат да го извлекуваат фериботот, но тоа е отежнато поради силните ветрови и бранови.

Во исто време обвинителството на Врховниот суд на Грција нареди да се започне истрага и од грчка страна за причините за пожарот.

Во операцијата за спасување беа евакуирани 206 патници.

Фото: abc.net.au