Балкан

Трипати зголемен бројот на имигранти во Грција

Трипати зголемен бројот на имигранти во Грција

Во првите три месеци од годината за трипати се зголемиле илегалните имигранти кои во Грција пристигнале по морски пат.

Според грчката крајбрежна стража во првиот квратал од 2015 година по морски пат во Грција пристигнале 10.445 илегални имигранти, а во истиот период минатата година нивниот број изнесувал 2.863.

Само во март на различни острови во источниот дел на Егејско Море биле откриени 6.498 илегални имигранти.

Најголем број на илегални имигранти пристигнале на островот Лезбос (околу 4.500), а потоа следат островите Иос, Лерос и Самос.

Грчките власти само денеска привеле 38 илегални имигранти во реонот на островот Кос, а други 43 биле откриени во реонот на Родос.