среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 29

Трипуновски: Трудот на македонскиот земјоделец мора да биде вреднуван како што треба

Примарната обврска на Државниот инспекторат за земјоделство е да ги следи тековите кај производството на храна и притоа да ги заштити земјоделците, односно нивниот труд, истакна денес директорот на инспекторатот Цветан Трипуноски кој беше во посета на неготинско.

Трипуновски

Последни вести

Во општина Неготино континуирано комуницираме со земјоделците. Сега сме населеното место Пепелиште, а претходно бевме во Темјаник и Криволак, а по ова населено место се упатуваме кон Долни Дисан. Целта на посетата во овој регион е постојано да бидам во комуникација со земјоделците. Тоа е една од моите работни обврски, и во таа комуникација разменувме мислења за сите актуелни состојби во земјоделството во овој регион и воопшто во Република Македонија. Пред овие средби со земјоделците од неготинско, имав една средба и со винарска визба во овој регион, каде што како што знаете пред извесно време заврши откупот на винското грозје. Следува законскиот рок на исплата на грозјето. И во таа винарска визба и во сите останати винарски визби во наредниов период ќе ја следиме динамиката на исплата согласно законските одредби кои што се актуелни со Законот за вино. На ваквите посети, јас како директор и инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство разговараме за актуелните процеси на откуп на земјоделски производи, а земјоделците постојано ја користат приликата да искажат свои видувања, забелешки и насоки на подобрување на целиот овој процес, истакна Трипуновски.

tripunovski1-640x427

Тој додаде дека во изминатиов период како институција постојано се присутни меѓу земјоделците, и во координација со Министерството работат на подобрување сите овие процеси, односно се следат сите актуелни случувања во земјоделскиот сектор.

sredba-1-640x427

Оваа моја активност ќе продолжи и во наредниот период, се со цел во таа непосредна комуникација да ги следиме сите актуелни процеси. Нашата примарна цел е да ги елиминираме и најмалите злоупотреби. Трудот на македонскиот земјоделец мора да биде вреднуван како што треба. Имајќи предвид дека општина Неготино е претежно земјоделски крај со доминација на површини под лозови насади, ние како претставници на државните органи секогаш им стоиме на располагање на земјоделците да им излеземе во пресрет на нивните барања или да се вклучиме во решавање на одредени проблеми со кои тие се соочуваат. Знаете во моментов е актуелен тутунот. Ние сме посебно екипирани и присутни на терен, се со цел да како што кажав, трудот на тутунопроизводителите да биде вреднуван како што заслужува, вели Трипуновски.

sredba1-1-640x427

sredba2-2-640x427

 

Најчитани вести