Трите бода императив за Барса, Реал (М) задоволен и со реми

Мал број на погодоци, вкупно четри, беа постигнати на саботните натпревари од 29. коло во шпанската Примера дивизион.Минимална, но злато вредна победа, над гостинот од Мадрид, тимот на Гетафе, остварија фудбалерите на Атлетик (Б) кои се на добар пат да ја освојат четвратат позиција на табелата и да изборат пласман во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Очите, но не само на шпанската, туку и на светската фудбалска јавност денеска ќе бидат насочени кон „Сантијаго Бернабеу” каде ќе се одигра најважниот натпревар кога е во прашање борбата за шампионската титула, дуелот помеѓу вечните ривали, Реал (М) и Барселона.

За разлика од домаќинот, кој има предност од четри бода и кој ќе биде задоволен и доколку натпреварот заврши без победник, гостинот од „Ноу Камп“ има обврска да забележи триумф и така да остане во игра за шампионската титула.

Предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти веќе потврди дека голот на Барса ќе го нападне со триото, Роналдо-Бензема-Бејл, додека тренерот на Барселона, Херарди Тата Мартино, голот на “кралскиот клуб” ќе го нападне со триото Меси-Неимар-Фабрегас.
Најголемото разочарување во актуелната сезона, тимот на Бетис од Севилја, не би требао да биде некоја посериозна пречка за моментално второпласираниот тим во Примера дивизион, Атлетико (Б).

Резултати: Гранада – Елче 1:0, Еспањол – Леванте, Валјадолид – Р.Валјекано 0:0, Атлетик Б. – Гетафе 1:0.
Денеска на програмата: Осасуна – Севилја, Бетис – Атлетико (М), Валенсија – Вилјареал, Реал М. – Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.