Трите бода императив за Гана и САД

Со подеднакви шанси за успех, пред стартот на меѓусебниот дуел се репрезентативците на Гана и САД.
Двете репрезентации се дефинирани како фаворити од сенка кога се во прашање првите две позиции во групата “Г”, кои гарантираат настап во 1/8 финалната рунда.

Силата на Гана е во акумулираното искуство на одличните играчи за врска, Сули Мунтари, Мајкл Есиен и Кевин Принц Боатенг, додека тајното оружје на САД е поранешниот репрезентативец на Германија, а сега предводник на националниот тим, Јирген Клинсман.

„Нормално дека посакувам победа, триумф во дуелот против Гана. Го почитувам секој противник во нашата група, добро знам колку се квалитетни, со какви фудбалери располагаат моите колеги. Но, ги знам и нивните слаби точки. Се уште има место за напредок кога е во прашање нашата игра, но работиме напорно веќе еден месец. Се нетрпение го очекуваме стартот на дуелот против Гана. Знаеме колку е квалитетна репрезентацијата на Гана, но подготвени сме за овој голем предизвик, изјави селекторот на САД, Јирген Клинсман.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.