„Тритекс“ гради нов погон во кој ќе работат нови 300 лица

Текстилната компанија „Тритекс“  која е позната по долната облека што е изработена исклучиво од памук одлучи да гради нов производствен  погон кој ќе се простира на површина од 4000м2 и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии. Инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица.

„Тритекс“ како компанија е успешна фамилијарна деловна  приказна која трае 20 години. Текстилните производи  на „Тритекс“ се синоним за квалитен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа.

Воедно  ваквото проширување на прозводниот процес е потврда за поволната бизнис клима што веќе извесен период постои во нашата општина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.