Трка на Дедо Мразовци низ улиците на Мадрид

Tрадиционалната хуманитарна трка на Дедо Мразовци во која учествуваа над 10.000 лица се одржа во Мадрид.

Трката почна и заврши на стадионот „Сантијаго Бернабе“, а тркачите по улиците на Мадрид претрчаа делница долга 5,5 километри .

Мотивот на трката секоја година е различен, а оваа година приходот ќе биде наменет за Фондот за борба против мултиплекс склероза.

Во однос на минатата година, бројот на учесници е двојно зголемен, а секој од нив донираше по едно евро.

Во трката учествуваа над 10.000 мажи, жени и деца кои беа облечени во костимите на Дедо Мраз, соопштија организаторите кои веруваат дека со тоа е соборен светскиот рекорд, иако официјални лица тврдат нов рекорд се уште нема, пренесуваат светските агенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.