Tрка со магариња за 1.Мај

Атрактивната трка со магариња, по која богданското село Стојаково стана познато во цела држава, ќе се одржи денеска во рамки на културно спортската манифестација по повод меѓународниот Ден на трудот, 1-ви Мај.

Организаторите соопштија дека програмата ќе почне во 8 часот и 30 минути, со популарната трка со магариња по која ќе следува и трката со коњи. Потоа присутните ќе ги проследат трките на 100 метри за јуниори и сениори во женска и машка конкуренција, скокањето со вреќи, трката на 3.000 метри и натпреварот во влечење јаже.

„Спојот на минатото и сегашноста ги прави жителите на Стојаково горди,имајќи предвид дека овие натпревари се дел од нивниот живот и традиција која трае повеќе од 60 години, рече Анастасија Олумчева, градоначалничка на општина Богданци,која е покровител на манифестацијата.

Културниот дел од програмата ќе биде исполнет со настап на балетската група и КУД „Бранд Петрушев“ од Стојаково.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.