понеделник, 1 мај 2017  |  Вести денес: 3

Тркалезна маса „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати“

Можности и алтернативи за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати ќе анализираат денеска на тркалезна маса во Стопанската комора на Македонија компании од енергетскиот, транспортниот, металниот и металуршкиот сектор и надлежните државни институции.

133530308

Поврзани вести

Како резултат на честите блокади кои условија застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција, неопходно е наоѓање соодветни решенија за надминување на ваквите состојби и разгледување опции за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати, укажува Комората.

На тркалезната маса се најавени обраќања на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески,  извршниот директор на „ОКТА“ ад Скопје, Јанис  Героуланос, како и  на претседателите на Здружението на енергетиката и на Македонската транспортна асоцијација, Ристо Јаневски и Иван Петровски.

Најчитани вести