Тркалезна маса во Стопанска комора на Македонија

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија во соработка со здруженијата од градежништвото од стопанските комори од Србија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора, организира тркалезна маса на тема: „Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари“.

На средбата, која ќе се одржи утре, ќе биде потпишана и Спогодба за соработка од страна на преставници на коморите.