„Трофеј Македонија“: Со пресврт до победа над Холандија

Македонската репрезентација вечерва славеше над Холандија со 78:72 во рамки на турнирот „Трофеј Македонија“.

Иако мечот македонските кошаркари не го одиграа најдобро, сепак најдоа сила во последната четвртина да се изборат за дополнителни десет минути игра, во кои успеаа да слават.

Со 23 постигнати поени во македонската селекција најефикасен беше Војдан Стојановски.

Македонската селекција во рамки на последниот меч од турнирот, утре ќе се сретне со селекцијата на Босна и Херцеговина, која има победи во првите два меча, идентично како и нашата репрезентација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.