Трофејот од Лига Европа во рацете на Атлетико Мадрид 

Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа и по трет пат се закити со овој европски трофеј. Првото големо финале во Европа заврши, а на трофејот сосема заслужено се радува Атлетико Мадрид.

Не им одеше во финалињата од Лигата на шампионите, но во Лига Европа ја оправдаа улогата на најголем фаворит. Натпреварот беше отворен уште во 21. минута кога Гризман искористи една голема грешка на фудбалерите на Марсеј и му донесе водство на својот тим од 1-0.

Десет минути подоцна нов проблем за францускиот тим, се повреди Паје и беше изваден од игра. По четири минути во второто полувреме одлична акција на Атлетико Мадрид која Гризман ја круниса со нов погодок.

Марсеј изгледаше немоќно, јасно беше кој ќе победи, точка на мечот стави Габи со погодок во 89. минута за конечни 3-0. На крајот Атлетико Мадрид заслужено се радуваше на трофејот од Лига Европа.