Трогателна судбина: „Мојот син е и мој брат“

Сара Смит е девојка со многу тажна судбина. Таа има осумгодишен син, кој воедно е и нејзин брат. Нејзиниот татко ја силувал со години, при што таа два пати забременила.

Цели седум години Сара ги молела социјалните работници да и помогнат раскажувајќи им дека нејзиниот татко ја силувал повеќе од 1.000 пати. Минатата година добила отштета од 160.000 фунти бидејќи тие не ја завршиле својата должност.

– Како што старее мојот син секогаш кога ќе го погледнам во него го препознавам мојот татко и пред очите ми прелетуваат слики со силувањата, така што неговото одгледување за мене е многу тешко. На жалам затоа што го имам мојот син, туку жалам за тоа што имаме ист татко, рекла девојката, која нејзиниот татко ја силувал најмалку три пати неделно.

Кога имала само 15 години Сара првпат забременила од својот татко а тогаш ја излажала мајка и дека таткото е некое момче кое заминало и абортитала.

Три години откако започнала нејзината агонија, за силувањата и раскажала и на нејзината мајка, која не сакала да и поверува.

Својата приказна му ја раскажала и на еден полицаец, но исто така безуспешно. Таткото-монструм тогаш не е осуден бидејќи не успеале да ги докажат силувањата.

Девојчето повторно останало бремено од нејзиниот татко на 17-годишна возраст. По неколку години случајот го пријавила во полиција нејзината сестра, и по направената ДНК анализа, таткото е осуден на казна затвор од 19 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.