Тројца Албанци тешко повредени на прославата на албанското знаме

Тројца млади Албанци синоќа во Скопје беа регистрирани како потешко повредени, пренесува Нова Македонија.

Станува збор за два посебни случаи, едното било бодење со нож помеѓу млади во близина на средното училиште „Цветан Димов“, додека другото на плоштадот „Скендербег“, каде што се славеше Денот на албанското знаме

На плоштадот „Скендербег“ синоќа тешко повреден бил 20-годишник, кој како што велат од МВР се здобил со пет силни удари со остар предмет, додека на улицата „Џон Кенеди“, попладне тешко повредени биле Б.С. (26) и А.С. (18) кои биле прободени со нож.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се истражуваат причините за двата инциденти, додека тројцата повредени сега се на лекување во Градската болница во Скопје.