Тројца цивили загинаа во гранатирање на Доњецк

Во гранатирање на Доњецк во последните 24 часа и покрај прекинот на огнот, убиени се тројца цивили, а четворица се ранети.Доњецк кој е во рацете на проруските сили, последните неколку дена е на удар на размена на оган меѓу нив и украинската војска.

Откако на 5 септември е потпишан договор за прекин на огнот во Источна Украина според податоците на ОН, загинаа повеќе од 300 лица.

Освен аеродромот, украинските сили контролираат само неколку села источно од Доњецк.