Тројца директори здружено украле 50 кубици дрва

Тројца управители на фирми од Струга и Струшко од полициската станица во градот на Дрим добија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување на деловни книги и пустошење на шуми, во случај поврзан со нелегална сеча на дрва.

Законот ги товари А.К.(48) од Струга, управител на фирма „Фагус 2014“ ДООЕЛ-Струга, Т.М.(39), управител на „Дјети“ ДООЕЛ-Струга и Н.З (41), управител на „Диу-М“ ДООЕЛ.

Според полицијата, првопријавениот,  на 28 јуни издал пет фиктивни испратници на фирмата „Диу-М“ за превоз на 50 метри кубни дрва, при што на испратниците не внел дека дрвата се сечени од приватна шума. Второпријавената фирма, покрај одобрената сеча на дрва за која имала договор со ЈП „Македонски Шуми“, извршила и бесправна сеча на необележани дрва. Третопријавената бесправно исечените дрва ги транспортирала до село Долно Татеши.