Тројца добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

Историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата, се добитници на државната награда „Св.Климент Охридски“ во 2014 година.

Одлуката ја донесе одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Витомир Митевски, која на годинашните добитници ќе им биде врачена на 8 декември 2014 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.