Тројца европарламентаци во Брисел ќе преговараат со македоските политичари

Иво Вајгл, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, претставник на европските социјалисти и социјалдемократи и Едвард Кукан од Европската народна партија се тројцата европратеници кои планираат кон крајот на месецов да се сретнат со лидерите на главните македонски партии во обид да се надмине кризата во земјава.

Oбидот за дијалог меѓу владејачката партија и опозицијата ќе почне во Брисел. Наскоро се очекува штабовите на македонските политички партии да добијат покани за средби во Европскиот парламент каде би се одржала првата рунда разговори.