Македонија,Крими хроника

Тројца малолетници заминале од Дом без известување

Тројца малолетници заминале од Дом без известување

Социјален работник во ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми – Скопје во полициската станица Чаир пријавил дека во непознат правец се оддалечиле три деца на возраст од четиринаесет, тринаесет и единаесет години.

Од Јавната установа велат дека децата не се исчезнати, туку дека од училиште не се вратиле во институцијата. Оттаму додаваат дека знаат каде се децата, меѓутоа кога некое од децата ќе излезе без известување од установата, тие имаат обврска да пријават во полиција.