Тројца маскирани лица ограбиле скопјанка

Околу 2 часот по полноќ,  на улицата Палмиро Тољати во Скопје, тројца непознати маскирани лица влегле во куќата сопственост на 44-годишната М.М.В., во која живеела и 66-годишната Ч.С.К. и со закана со пиштол од нив одзеле 100 евра, лап топ, разновиден златен и сребрен наки и еден мобилен телефон, по што побегнале.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.