Тројца мртви во поплавите во Романија

Во поплавите кои ги погодија јужните делови на Романија за време на викендот загинаа тројца лица.
Министерот за внатрешни работи Габријел Опреа соопшти дека еден човек го изгубил животот кога неговата куќа ја однело лизгалиште, а дека две лица загинаа во поплави блиску до Букурешт.

Опреа изјави дека тројца лица се водат како исчезнати, а дека се евакуирани околу 250 лица поради поплави.
Тој изјави дека 86 села се поплавени на југот на земјата е најлоша ситуацијата каде што се влева реката Ведеа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.