петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 25

Тројца нападанати со ножеви, завршиле на Ургентен

На 24.10.2016 година околу 03:10 часот од ЕИК Скопје било известено дека околу 00:20 часот во Скопје на ул.„376“, Ш.И. (49), В.Д. (25) и С.И. (43) биле нападнати со остри предмети од страна на Б.И. (43), Т.И. (34), С.Ш. (20) и уште едно засега непознато лице.

нападнати

Поврзани вести

Истите биле пренесени во Ургентен центар Скопје каде им биле констатирани телесни повреди.

Бил извршен увид на местото на настанот, а подигнати биле траги од крв и еден нож за кој се претпоставува дека бил употребен при насилството.

Во полициската станица Бит Пазар приведени биле Б.И., Т.И. и С.Ш. за расчистување на настанот. Причина за нападот било претходно меѓусебно нетрпение.

Најчитани вести