Балкан

Тројца од четворица жители на Романија ќе настрадаат во случај на силен земјотрес

Тројца од четворица жители на Романија ќе настрадаат во случај на силен земјотрес
Тројца од четворица жители на Романија ќе настрадаат во случај на силен земјотрес, објавија денеска романските весници, повикувајќи се на документите на Главниот инспекторат за вонредни состојби.

Имено, 75 проценти од Романците би биле засегнати во случај на силен земјотрес, а опремата за спасувачките мисии е недоволна, дури во одредени места и целосно недостасува, пишува весникот „Гандул“.

Овие податоци се вклучени во нацрт-проектот за развивање на инспекторатот во периодот од 2016 до 2025 година, кој е објавен на сајтот на романското Министерство за внатрешни работи и е во процес на општествено разгледување.

Во документите е наведен земјотресот на 4 март 1977 година, при кој загинаа 1.570 лица, 11.300 беа повредени, а 32.900 згради беа урнати или претрпеа огромни штети.