четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Тројца од повредените во Драчево се во критична состојба

plinska-boca-640x430

Последни вести

Тројца од повредените во вчерашната експлозија на плинска боца во Драчево се во критична состојба и се уште се на одделот за интензивна нега на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Состојбата на останатите пациенти е подобра и сега тие се префрлени во Центарот за изгореници во клиниката.

Вчера во попладневните часови  во семејна куќа во скопската населба Драчево експлодираше плинска боца. Повредени се осум луѓе од едно семејство (татко со синови и снаи). Децата биле во друга просторија. 

Шестмина од повредените веднаш беа пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“, додека двајца беа пренесени на скопските клиники.

Како што потврдија за МИА од МВР, според првичните информации, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата се пренесени за укажување лекарска помош во Клиниката за хируршки болести  „Св.Наум Охридски“ и во Ургентниот центар.

Според информации од дежурните лекари при Клиниката за хируршки болести, три лица се во тешка состојба, при што едно од нив е со изгореници со зафатеност од над 60 отсто по телото.

 – Кај двајца се работи за опекотини од над 40 проценти, додека кај еден е над 60 проценти. Кај други двајца се некаде околу 15 проценти. Станува збор за длабоки опекотини од втор и трет степен кои што бараат итна медицинска нега и хоспитализација. Најважно од се, направена е аналгезија, значи пациентите не чувствуваат никаква болка, направена е обработка на опекотините, кои што се главно во пределот на лицето, вратот и обете дланки. Се обидуваме да ги намалиме компликациите кои се главно витално загрозувачки кај пациентот со 60 проценти опекторини и кај пациентката која има аспирирано топлина, ијзваи др. Виктор Камиловски од Хируршката клиника.

Најчитани вести