Тројца осомничени за нападот во Санкт Петербург обвинети за тероризам

© РИА Новости . ЦОС ФСБ РФ

Рускиот Истражен комитет соопшти во четвртокот дека обвинил за тероризам тројца осомничени уапсени по нападот во подземната железница во Санкт Петербург на 3 април во кој загинаа 15 луѓе.

Во рамките на истрагата во тој напад беа уапсени десет лица, потсетува комисијата во соопштението.

„Тројца од нив: Бахрам Ергачов, Ибрахимжон Ерматов и Махмаиусоф Мирзалимов, се обвинети за тероризам (…) и а илегално поседување експлозиви и експлозивни направа“, се додава во соопштението кое го цитира агенцијата ТАСС.

Другите осомничени „ќе бидат обвинети наскоро“, се додава. „Се спроведува темелна истрага за околностите на нападот“, истакнува комитетот.

Главниот осомничен за нападот од 3 април 22-годишниот Акбаржон Џалилов, државјанин на Киргистан, поранешна советска република во централна Азија, чиишто мотиви не се јасни, загина во текот на нападот.

Еден од осомничените за организирање и помагање на нападот Аброр Азимов и неговиот брат Акрам, исто така, државјани на Киргистан, беа уапсени кон крајот на април крај Москва и поседувале оружје. Тие се во притвор кој истекува на 3 јуни.

Веќе следните денови по нападот во Москва и во Санкт Петербург се уапсени и притворени уште осум нивни соработници, сите од земјите во централна Азија со доминантно муслиманско население.

Одговорноста за нападот го презема малку познатата група „Баталјон на имамот Шамил“ којашто е поврзана со Ал Каеда, наведува американскиот центар за следење на џихадистичните мрежни страници SITE, пренесе агенцијата AFP.