Тројца Палестинци убиени, а петмина ранети во израелски напад

Тројца Палестинци се убиени, а петмина се полесно ранети во израелски напад во централниот дел на Појасот Газа.

Трите жртви се наоѓале во куќа во бегалскиот камп Нусерат.

Според податоците на службата 79 Палестинци се убиени од вторникот, кога беа обновените нападите на двете страни по неуспехот на преговорите за примирје, кои беа водени со посредство на Египет.

Во ракетен напад од Газа вчера е убиено едно израелско дете.