Тројца починати и едно лице тешко повредено во експлозијата во „Балкан гасови“

Тројца лица починале, а едно лице е тешко повредено во екплозијата која утрово околу девет часот се случи во фабриката „Балкан гасови“, потврдуваат за НетПрес од Министерството за внатрешни работи.

Поради сериозноста на изгорениците, со кои се здобило лицето, тоа во моментов се транспортира кон скопските клиника.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во фабриката се наоѓаат уште неколку лица, но засега нема информации за нивната состојба.

Повеќе детали за несреќата се најавени подоцна.

Во моментов на терен се екипи на МВР, противпожарната единица, како и Центарот за управување со кризи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.