Тројца повредени во превртувањето на автомобил кај Маврови Анови

(ФОТО: МКД.мк)

Три лица се полесно повредени откако автомобил управуван од скопјанец, во саботата околу пладне повеќепати се превртел на регионалниот пат Гостивар – Маврови Анови во близина на месноста Бунец.

Сообраќајот на местото на незгодата се одвива наизменично, до завршување на увидот.

Од СВР Тетово информираат дека околу 11,20 часот, автомобил „опел-корса“ со скопски регистерски ознаки, управуван од 27-годишниот Ѓ. Н. од Скопје додека се движел кон Маврови Анови, изгубил контрола и се превртел неколкупати и застанал на покривот.

Возачот и двајцата сопатници биле пренесени во амбулантата во Маврови Анови каде било констатирано дека се полесно повредени и се пуштени на домашно лекување. Возилото по незгодата претпрело големи отшетувњањ и не е во возна состојба.

Во тек е увид, по што треба да се утврдат причините кои довеле до несреќата. Во меѓувреме на местото, полициски службеници го регулираат сообраќајот сѐ до завршување на увидот.