Тројца повредени во сообраќајка кај Љуботен

Три лица се повредени се повредени во сообраќајна несреќа којашто се случила изминаата ноќ околу 10 минути по полноќ на локалниот пат Скопје – село Љуботен.

Патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Р.И. од селото Љуботен, изгубио контрола, излегло надвор од коловозот и се превртело на лева бочна страна.

Притоа со повреди се здобиле возачот Р.И. и сопатниците 53-годишниот Џ.И. и 35-годишната Н.Д., исто така, од селото Љуботен.

Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај сопатничката Н.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај Р.И. и Џ.И. биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.