Тројца повредени во сообраќајка кај радовишкото село Калуѓерица

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа која претпладнево околу 10.50 часот се случила на магистралниот пат Струмица-Радовиш, одноносно на крстосницата пред селото Калуѓерица.

Во несреќата учествувале автомобили „опел вектра“ со бугарски таблички управувана од М.Ц. (22) од Добрешинци, Василево и „фолксваген поло“ со радовишки ознаки управувано од 41 годишниот М.М. од Радовиш.

Со полесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од „вектрата“, А.Ѓ. од Радовиш кои се пренесени во струмичката болница. Сообраќајот поради увидот беше во прекин, но веќе делницата е отворена за сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.