Крими хроника

Тројца повредени во тешка сообраќајка кај Драчево

Тројца повредени во тешка сообраќајка кај Драчево

Тешка сообраќајна несреќа во која три лица се повредени се случила предмалку на патот од Драчево кон Долно Лисиче, објави  Курир.

Според информациите на Курир, во несреќата учествувале комбе и автомобил „Форд“, двете во скопски регистерски таблички.

Првично, повредени се три лица кои се упатени кон Ургентниот центар, но нема информации за карактерот на нивните повреди.

Од СВР Скопје ја потврдуват информацијата и додаваат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот кој е во тек.