Тројца штипјани ограбиле скопјанец во Аеродром

Тројца разбојници вчера околу 21 часот на булеварот Србија во Скопје извршиле разбојништво над Д.М.(39) при што му одзеле oколу 8.500 денари и два мобилни телефони, во вкупна вредност од околу 30.000 денари, соопшти СВР Скопје.

Според информации на полицјата, разбојниците избегале, а откако оштетениот го пријавил случајот, припадници на единицата „Алфа“ ги привеле тројца осомничени Т.Б.(26), Н.Т.(26) и М.К.(26) сите од Штип.